„Безгрижно талкање“ на Чуанг Це на македонски јазик

Од:

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје ја објави книгата „Безгрижно талкање (Избрани текстови)“ на старокинескиот мислител и филозоф Чуанг Це. Изборот, преводот и коментарите се на Ленче Тосева, а преводот е извршен според руски изданија, преведени од старокинески јазик.

Чуанг Це бил кинески филозоф кој живеел околу 4 век пр. н. е., најверојатно меѓу 370 и 300 година. Го сметаат за еден од најголемите учители на таоизмот, а неговото име значи „Учителот Чуанг“. Станал познат по своите идеи, мудри искази и записи. Чуанг Це бил воздржан спрема дострелите на човечкото спознание, тврдел дека животот е ограничен, а знаењето е неограничено. Се противел на поимите природно и човечко.

bezgriznoTalkanje

Главниот извор на учењето на Чуанг Це претставува книгата „Чуанг Це“, именувана по него, а напишана по неговата смрт. Таа е интерпретација на неговото учење, односно збирка со таоистички текстови од различни фази на развојот на таоизмот. Се смета дека деловите за мислата на третата фаза на таозимот се автентична филозофија на самиот Чуанг Це. Се претпоставува дека книгата ја составил Куо Хсианг, во 3 век.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска