Басни од Ристо Давчевски во издание на „Македонска реч“

Од:

„Македонска реч“ објави втор том од досега непубликуваните басни на писателот Ристо Давчевски (1935-2009), како дел од триесетлогија во десет тома со заеднички наслов „Беседа на фауните“. Вториот том содржи три книги басни во проза за возрасни: „Делачи на светот“, „Многу цареви“ и „Пеењето лавовско“, со вкупно триста басни.

Првиот том, кој исто така го објави „Македонска реч“, ги содржи неговите басни во стихови за возрасни во три книги „Некоја чудна полтронија“, „Големата мајмунија“ и „Боса команда“.

„Беседа на фауните” е оригинален и по тоа што половината басни се посветени и на возрасните читатели, што е прв случај во историјата на овој литературен жанр.

Издавачот наведува дека се работи за оригинален и единствен авторски проект на Давчевски, кој содржи 30 книги со 3000 басни, досега необјавени, распоредени во 10 тома, и дека е исклучително богатство не само за македонската литература, туку и за светската. Досега ниеден автор на басни во светот не оставил зад себе толку обемен опус на басни, дури и најпознатите баснописци: Лафонтен има 12 книги и Езоп 600 басни, а Ристо Давчевски во својот 60-годишен творечки период напишал 6000 басни, од кои повеќето од половината не се објавени.

– Проектот на Давчевски „Беседа на фауните“ е создаван дваесетина години. Давчевски со него ги надрасна сите свои учители – европските баснописци, ја осмисли обновата на долговековната езопизација, ѝ даде нов пулс, нов видик со нова димензија и во тој проект ја вткал душата на своето време со илјадници теми расфрлани низ целата планета. Низ емотивна и извонредна духовита умешност, завиена во апсолутната алузивна асоцијативност и со храбра воинствена сатиричност, ја означил ренесансната алинеја што му прилега на секое големо дело. Ова е проект кој на македонската басна ѝ го дава приматот во европската и светската басна, а на авторот приматот на баснописец во европското книжевно милје, соопшти „Македонска реч“.

Ристо Давчевски (1935, с. Долни Дисан, Тиквешко – 2009, Скопје) објавил четириесетина книги. Беше поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, чиј творечки опус во најголем дел е посветен на децата, а жанровски на басната. Работел како уредник во Македонското радио, а од 1971 членувал во Друштвото на писателите на Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска