Романот „Балканвавилонци“ на писателот, академик Луан Старова чиј издавач е Македонската академија на науките и уметностите е добитникот на книжевната награда „Роман на годината“ за 2014 година на „Утрински весник“.
Избран е по пат на тајно гласање, со мнозинство гласови во конкуренција од 32 романи напишани на македонски јазик, од кои во најтесен избор за наградата која се доделува по 16 пат беа и романите: „Куфер за тројца“ на Живко Грозданоски, „Вишнова хроника“ на Фросина Пармаковска, изданија на „Или-или“ како и „Гаргара“ на Игор Станојоски во издание на „Панили“.