Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Од:

Романтичниот балет во два чина „Жизел“ ќе биде изведен на сцената на Националната опера и балет вечер и на 2-ри март со почеток во 20:00 часот.

Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставите е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.

Вечер во главните улоги ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Ивана Коцевска, Игор Веланоски, а на 2 март во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Илијана Данилов, Бобан Ковачевски.

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска

Современиот балет во три слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев на 20 и 21 јануари

Ана Ололовска