Балетската претстава „Оревокршачка“

Од:

По повод новогодишните празници, Националната опера и балет најави четири изведби на балетската претстава „Оревокршачка“.

Претставите се во среда, 25.12, сабота, 28.12, недела 29.12 и понеделник на 30.12.2019. Претставите на 25 и 29 декември се наменети за најмладите и се со почеток во 12 часот на пладне, додека претставите на 28 и 30 декември се со почеток во 20 часот, со оркестарот, балетски првенци, балетски солисти, балетскиот ансамбл како и ученици од ДМБУЦ – Илија Николовски Луј. Диригент е Бисера Чадловска.

Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела, на сите светски сцени по музика на Петар Илич Чајковски. Волшебна балетска авантура за сите возрасти. Новогодишно-божиќна бајка која мириса на снег, карамела и на цимет. Обоена е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од балетот „Оревокршачка“

Би можело да ве интересира

Две изведби на балетската претстава „Есмералда“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Есмералда“ со две изведби во НОБ

Ана Ололовска

Балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ во НОБ

Ана Ололовска

Четири изведби на балетот „Оревокршачка“

Ана Ололовска

Балетот одбележува 70-годишниот јубилеј

Ана Ололовска

„Живот во движење“ за јубилејот на Балетот

Ана Ололовска