Во рамки на Малите мајски оперски вечери, денеска напладне во Македонската опера и балет ќе биде изведена една од најгледаните детски балетски претстави „Доктор Офболи“.
Станува збор за класична сказна за вечната борба помеѓу доброто и злото, во која на крајот победува доброто. Претставата изобилува со прекрасна музика, костими и сценографски елементи.
Кореографијата за оваа претстава на сцената на МОБ ја пренесе прославениот балет мајстор од Русија, Михаил Крапивин.