Ансамблот на Балетот при МОБ со претставата „Црвената соба“ синоќа настапи на летната сцена Сустибан во Сплит, во рамки на фестивалот Сплитско лето.
Балетската претстава е на музика на Франц Шуберт, кореографијата е на Игор Киров, а костимите ги изработи Александар Ношпал.
Со оваа изведба Балетот на МОБ влезе во трка за наградата која ја доделува фестивалот – Златна плакета за најдобра балетска претстава, која треба да ја избере четричлено жири.