Бабачиќ: Правото на образование на мајчин јазик е едно од најголемите добра

Од:

Образованието на мајчин јазик, од најрана возраст, е многу важно и основа за понатамошното учење и поттикнување на интересот за знаење кај децата. Затоа со задоволство се пријавив на Повикот за подготовка на материјали за учење за прво одделение, вели Изета Бабачиќ, која заедно со Аида Зуковиќ се авторки на учебникот по босански јазик.

– Сметам дека правото на образование на мајчин јазик е едно од најголемите добра за припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија, затоа при подготовката се водевме според принципите и критериумите кои се бараат и според позитивните реформи кои се работат во нашето образование. Учебниците имаат вредност за секое време за кое се користеле и така и ние се потрудивме да креираме учебници за ова време и работевме според наставната програма, вели Бабачиќ.

Како што информира Министерството за образование и наука, според авторката, во материјалот за учење е посветено внимание на психологијата на децата на оваа возраст, за учењето да биде лесно, спонтано и да одговори на нивната потреба за љубопитност.

– Вредноста на учебникот за прво одделение, без разлика на кој наставен јазик, е содржините да бидат еднакви за сите деца и единствена разлика да биде само наставниот јазик. И така се обидовме да овозможиме еднаков пристап до образовните содржини за сите деца, додава Бабачиќ.

Според авторката, во учебникот големо внимание е посветено и на содржини кои ќе им овозможат на децата полесна комуникација во животните ситуации. Покрај содржините од медиумска култура, новините се однесуваат и на описменување со разбирање, но и на примање и давање информации со размислување како основа на критичкото размислување.

Би можело да ве интересира

Влада: Обезбедена е навремена испорака на бесплатни учебници во сите основни училишта

Јаневска: Освен за странски јазици, учебници на 1 септември ќе има и дистрибуцијата веќе почна

Горан Наумовски

Јаневска: Ќе има учебници, освен за странски јазик

Седмоодделенците од септември ќе учат од учебниците што се користат досега

Горан Наумовски

Нови учебници за седмо одделение нема да има до 1 септември, Јаневска вели „Немаме волшебно стапче

Катерина Ѓуровски

Јаневска: Во септември ќе има учебници за основно образование и за средно во најголем дел

Катерина Ѓуровски