„Азиланти“ на Димковска дел од „Берлин чита“

Од:

Песната „Азиланти“ од Лидија Димковска во препев на германски и англиски јазик утре ќе биде прочитана од љубители на поезијата на пет локации низ Берлин, Германија.

Читањето е дел од целодневната манифестација „Берлин чита“ што се организира непосредно пред почетокот на меѓународниот книжевен фестивал во Берлин кој ќе трае од 9 до 19 овој месец.

На „Берлин чита“ ќе се претстават преку 50 прозни и поетски дела поврзани со бегалската и азилантската криза.

Поезијата на Димковска во препев на Александер Сицман (германски) и на Љубица Арсовска и Пеги Рид (англиски), ќе биде прочитана пред Народниот театар на плоштадот Роза Луксембург заедно со дела од Брехт, Амос Оз и Драго Јанчар, како и пред подземната железница на плоштадот „Ернст Ројтер“, на „Плоштадот на мирот“, на „Зимскиот плоштад“ и во Европската гимназија „Берта фон Сутнер“.

Берлинскиот меѓународен книжевен фестивал кој објави и публикација со избраните книжевни дела за книжевниот перформанс Берлин чита! се одржува по петнаесетти пат во главниот град на Германија и важи за еден од најдобрите книжевни фестивали во Европа. Лидија Димковска беше учесничка на фестивалот во 2010 год.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска