Авторска средба со Блаже Миневски во „Матица Ексклузив“

Од:

Во среда од 11 до 14 часот во „Матица Ексклузив“ ќе се одржи авторска средба со Блаже Миневски по повод неговиот најнов роман „Мрежата на Мамли“ за кој Венко Андоновски напиша дека е „роман кој има пресвртничка улога во развојот на македонскиот роман“. Академик Митко Маџунков, пак, смета дека „Мрежата на Мамли“ е роман кој зборува за нешта што навидум сите ги знаеме, но „никако не можеме да ги напишеме на ваков начин“.

За академик Божин Павловски романот на Миневски е „прозен бисер на македонската книжевност, врвна проза со лексички бравури на беспрекорен стилист, дело со брилијантна наративна меморија што овозможува во еден здив да се откриваат и следат толку многу сјајни ликови и пресврти“.

Големиот интерес за романот „Мрежата на Мамли“, како што велат од „Матица Македонска“, деновиве е потврден и со фактот што веќе се откупени авторските права за негово објавување на бугарски во Софија и на српски јазик во Белград.

Инаку, на средбата со читателите авторот ќе го потпишува овој роман но со специјален попуст исто така ќе може да се добијат и останатите негови дела објавени во „Матица македонска“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска