Австрискиот виолинист Бенџамин Шмит – солист на концертот на Филхармонијата

Од:

„Фантазија апасионата“ е насловен вечерашниот симфониски концерт на кој солист ќе биде австрискиот виолинист Бенџамин Шмит, а оркестарот ќе го води холандскиот диригент Конрад ван Алфен.

Виолинистот Шмит е меѓу најпопуларните во Европа, за кого се снимени неколку документарни и концертни филмови кои го прикажуваат неговиот исклучителен статус како музички уметник.

На концертот ќе бидат изведени дела од македонскиот композитор Владимир Николов, премиера на „Jasmine Flowers and Red Chestnuts“, од белгискиот композитор Анри Виетан – Концерт за виолина и оркестар бр. 5, премиера на „Фантазија апасионата“ по која е насловен концертот, како и Симфонијата бр. 3 наречена „Шкотска“ од Феликс Менделсон.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска