За потребите на снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија, кој ќе започне со снимање на 31 октомври на повеќе локации низ Македонија, ќе се одржат отворени аудиции за статисти од сите возрасти.
На 16 и 17 октомври од 12:00 до 20:00 часот аудиција ќе има во Скопје во Младинскиот културен центар, на 18 окотмври од 12:00 до 20:00 часот во просториите на НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ и на 19 октомври од 12:00-20:00 часот во просториите на Домот на културата-Битола.