Антологија на македонската поезија „Моќни струни“ на српски јазик

Од:

Антологијата на македонската поезија „Моќни струни“ ја состави академик Ристо Василевски, а ја објави реномираниот српски издавач „Арка“.

Во антологијата е опфатено македонското поетско творештво од 9 до 21 век. На близу 650 страници во раздели Преттеча, Лирски ткаења на народниот пејач, Поетски озарувања и Моќни струни застапен е 81 автор со вкупно 466 песни.

Во разделот Преттеча објавена е песната Слово, фрагменти од Прогласот на Светото Евангелие од Константин – Кирил Филозоф. Оваа песна, како и повеќето песни од разделот Поетски озарувања, во кој се застапени Климент Охридски, Наум Охридски, Константин Презвитер, Аноним, Непознат автор и Јосиф Брадати, прват сега се објавуваат во поетска форма која од фрагменти од нивните главно прозни црквени дела ја вообличи составуавчот на антологијата, академик Ристо Василевски.

Разделот Лирски ткаења на народниот пејач донесува единаесет народни песни. Во разделот Моќни струни застапени се: Константин Миладинов, Григор Прличев, Рајко Жинзифов, Љубомир Весов, Кочо Рацин, Коле Неделковски, Антон Попов, Венко Марковски, Војислав И. Илиќ, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Гого Ивановски, Србо Ивановски, Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Георги Сталев, Цане Андреевски, Љубен Ташковски, Јован Стрезовски, Анте Поповски, Илхами Емин, Јован Котески, Александар Поповски, Петре М. Андреевски, Влада Урошевиќ, Миле Неделковски, Петар Т. Бошковски, Михаил Ренџов, Иван Чаповски, Радован Павловски, Јован Павловски, Богомил Ѓузел, Трајан Петровски, Петко Дабески, Чедо Јакимовски, Гордана Михаилова-Бошнаковска, Светлана Христова-Јоциќ, Ристо Ѓ. Јачев, Виктор Б. Шеќеровски, Ристо Василевски, Димитар Башевски, Христо Георгиевски, Душица Илин, Тодор Чаловски, Ефтим Клетников, Атанас Вангелов, Петре Бакевски, Санде Стојчевски, Ристо Лазаров, Веле Смилевски, Љубомир Груевски, Раде Силјан, Катица Ќулавкова, Весна Ацевска, Милован Стефановски, Милош Линдро, Глигор Стојковски, Лилјана Дирјан, Бранко Цветкоски, Вера Чејковска, Зоран Анчевски, Кире Неделковски, Јордан Даниловски, Христо Петрески, Иван Џепароски, Славе Ѓорѓо Димоски, Братислав Ташковски, Лидија Димковска, Никола Маџиров, Јовица Тасевски-Етернијан, Маја Апостоловска, Звонко Танески и Давор Стојановски.

– Составувачот на оваа исклучителна антологија, корпусот на македонското поетско творештво не го согледувал само во рамки на Република Македонија, туку и надвор од неа, во Србија, Бугарија, Словачка…, секаде каде се твори на македонски јазик, информира „Арка“.

Сите преводи и препеви ги направи академик Василевски, кој е автор и на обемниот предговор „Едно од можните сомерувања на македонското поетско творештво“, во кој меѓу другото објаснува зошто се определил за вака обемен избор и за олкав број на застапени песни и автори.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска