Антологија на 15 македонски поети „Од живиот извор“

Од:

Антологија на петнаесет современи македонски поети „Од живиот извор“ на македонски и на српски јазик објави реномираниот издавач Задужбина „Петар Кочиќ“ од Бања Лука. Составувач и преведувач на двојазичната Антологија е академик Ристо Василевски.

Во неа со по 10 песни се застапени: Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Ефтим Клетников, Санде Стојчевски, Ристо Лазаров, Веле Смилевски, Раде Силјан, Катица Ќулавкова, Весна Ацевска, Бранко Цветкоски, Славе Ѓорѓо Димоски, Лидија Димковска и Јовица Тасевски-Етернијан – поети кои се уште активно творат и со своите дела ја збогатуваат современата македонска поезија.

Во својот минуциозен предговор составувачот вели дека за овие имиња се определил „затоа што околу и над нивните поетски целини се разви аура и затоа што со нивните значења може да се исплете мрежата на сета современа македонска поезија и да се добие увид во сè она што е во неа врвно.“

При објавувањето на оваа своевидна Антологија издавачот направи исклучок и наместо досега практикуваниот формат – осум поети со по осум песни, прифати во неа да бидат застапени 15 поети со по десет песни. Автор на поговорот е поетот и литературен критичар Никола Вуколиќ, директор и главен уредник на Задужбина „Петар Кочиќ“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска