Ансамбл од Бразил на фестивалот „Илиденски денови“

Од:

На претстојниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола прв пат ќе гостува ансамбл од Бразил. Како што соопшти денеска директорот на Националната установа Центар за култура Борче Димитровски, настапи ќе имаат и фолклорни друштва и групи од Израел, Полска, Словенија, Хрватска, Турција.

Од 29 јули до 1 август публиката ќе ужива во две вечери на традиционална музика и игра, една вечер на староградска музика и игра, и една интернационална фестивалска вечер. Ќе се претстават 30 уметнички друштва, а најдобрите ќе добијат награди.

– Интернационалниот концепт на фестивалот го остваруваме на највисоко ниво, а потврда за тоа се ансамблите од Јужна Америка, Блискиот Исток, централна Европа и државите од Балканот. Идната година ќе има уште посилен интернационален сегмент бидејќи од неодамна „Илинденски денови“ е дел од календарот на мрежата на фолклорните фестивали во светот, истакна Димитровски.

Во придружните фестивалски содржини се и манифестацијата „Ехо од дамарите“, семинарот за традиционална музика и игра, проекциите на етнолошки филмови, орото на Широк Сокак. Новина е манифестацијата „Напладне во чаршијата“ во која ќе учествуваат дел од ансамблите кои ќе ја презентираат својата програма во Старата битолска чаршија.

„Илинденски денови“ се одржува со поддршка на Министерството за култура и е во рамки на Битолското културно лето „БитФест“. Организатор и домаќин е НУ Центар за култура Битола.

Би можело да ве интересира

Француско-руска вечер со пијано и виолончело на „Охридско лето“, Ал Ди Меола на Антички

Емир Латифовиќ

Поради невреме во Охрид, концертот на Сандовал презакажан за вечер

Емир Латифовиќ

Меѓународен фестивал „Фолклорен Мост“ во Струга

Емир Латифовиќ

„Where Jazz Meets Clasical“ – концерт на „Скопско лето“

Емир Латифовиќ

„Три дена во септември“ доби награда за најдобра музика на фестивалот SEE a Paris

Предраг Петровиќ

Mакедонската култура на Фестивал на франкофонијата во Созопол

А1он