Анимираната серија за „Чичко Зарк” во Штутгарт

Од:

„Интергалактичкиот супер летен камп на Чичко Зарк” е насловот на проектот за анимирана ТВ серија која Линкс Студио ќе ја презентира неделава во Штутгарт.

Серијата е базирана врз приказната на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата”. Дејството се случува десет години после филмот, а главниот лик е синот на Јон Вардар. Сценарист и режисер е Гоце Цветановски, Михајло Димитриевски – Тхе Мичо е арт директор, а Бенжамин Хотон директор на анимација.

– Ова е вторпат да бидеме селектирани на овој маркет и имаме состаноци со врвни луѓе од најголемите светски телевизии и дистрибутери: Дизни, БиБиСи, Канал +, Картун Нетворк… Нашата стратегија да створиме анимиран бренд од Јон Вардар полека но сигурно се остварува, вели Цветановски.

Серијата засега е во концептуална фаза, а почетокот на продукцијата се очекува во 2019 година.

Во рамки на престижниот пазар за копродукција „Ден за продукција на анимација”, ќе биде презентирана потесна селекција на проекти од најпознатите европски и светски студија за анимација.

Би можело да ве интересира

„Јон Вардар против галаксијата“ во петок доаѓа во киносалите

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

„Македонски анимиран филм 1971-1991“ – проект на ДФРМ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонско-австралиското 3-Block Studio направи анимиран филм за глобалниот карантин

Ана Ололовска

Македонскиот студент Виктор Ивановски дел од тимот кој ја освои престижната „ANNIE“ награда за анимиран филм во Лос Анџелес

Ана Ололовска