Првиот тираж на книгата „Пулсoт и времето“ на новинарката Ана Јовковска, во издание на читачкиот клуб „Силсонс“ при „Матица македонска“ се продадал за рекордно брзо време од три месеци, по паузата, ова дело кое ги сублимира мислите и разговорите на голем број афирмирани личности од јавниот живот, писатели, актери, уметници, професори, политичари и дипломати, излегува во нов тираж.
Јовковска тргнува со нова промотивна турнеја низ Македонија, како дел од нејзиниот личен ангажман за децентрализација на културата. Битола е прва на нејзината креативна мапа. Настанот е закажан за сабота, 12 декмеври, во 13:30 часот во кафулето „Хауз Бар“ на Широк сокак и е замислен како отворена и интимна книжевна дружба со авторката, потпишување книги, а ќе има и моменти на изненадување.
– Авторската работа е еден убав и креативен дел од мојот живот, но друг важен дел ми е активизмот како болка во стомакот против кој било вид на неправда. Градот под Пелистер е еден од најзагадените во замјава. Битола се бори за воздух! Случајно се погодува истото попладне, кога веќе сум во Битола, протестот против загадувањето на кој планирам да се приклучам. Книгите ни го бистрат умот и ни ги полнат мислите и душите со свежина, но загадувањето ни ги труе белите дробови. И како што уметноста и литературата треба да се храбри, така воздухот не подразбира компромиси, вели Јовковска.