„Алерик“ на Вук Митевски најдобар на фестивалот во Тузла

Од:

Kраткометражната анимација „Алерик“ на Вук Митевски ја освои главната награда „Вила“ за најдобар анимиран филм на престижниот филмскиот фестивал во Тузла.

Филмот беше во конкуренција со уште 17 краткометражни анимации, а тричленото жири составено од проф.др. Срđан Вукадиновиќ, Един Лониќ и Адмир Делиќ одлучи „Алерик“ да ја добие наградата за најдобар анимиран филм.

„Алерик“ е приказна за момче војник и неговите неколку последни моменти пред смртта на бојното поле. Сценариото е на Теона Митевска, по идеја на Вук Митевски. Филмот е изработен во стоп анимација техника.

„Алерик“ својата премиера ја имаше на Сараевскиот филмски фестивал и активно патува по филмските фестивали во светот, досега преставувајќи ја Македонија на 20 светски фестивали, (меѓу кои се Trieste, Festival de Cinéma Européen des Arcs, Francija, Vilnius International Film Festival, Eastern Neihbours film festival vo Hag, Filmini Filmskiot Festival, International Bogazici Film Festival, 57th International Leipzig Festival for Documentary and Animated Film, XXS FIlmfestival in Dortmund).

„Алерик“ влезе во две компилации на двд, посветени на преставување на најновата краткометражна и анимирана продукција во Европа. Едното двд со фокус на кинематографијата од источна Европа во реномираното списаниес „Кинеко“ од Словачка, каде потоа беше прикажан низ 10 градови во Словачка и Полска. Втората двд компилација беше изработена од престижниот фестивал „Européen des Arcs“, во тираж од 2000 двд, кои беа дистрибуирани во францускиот специјализиран магазин за кратки филмови „Bref“, www.brefmagazine.com.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он