Алаѓозовски: Кој и да биде министер, реформската агенда на Министерството ќе продолжи

Од:

Без разлика кој и да биде следен министер, тоа ќе бидат политики на континуитет, постои реформска агенда на Владата, која е донесена консензуално, националната стратегија е донесена со учество на целата културна фела, независниот сектор, институционалниот сектор, така што ние нема да дозволиме периодот кој што претстои да значи упорување или отстапување од реформите, изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски, при посетата на Спомен Костурницата во Куманово, одговарајќи на новинарски прашања во врска со најавите за негова смена од министерското место.

Според него, овие наредени неколку месеци се многу важни за Министерството за култура и за сите процеси кои што се таму и ние, вели, веруваме дека со било која гарнитура во министертвото тие процеси ќе продолжат,

– Јас продолжувам со мојата агенда, јас сум министер за култура додека Собранието не изгласа поинаку. Се разбира дека премиерот е тој што ги предлага и разрешува членовите на Владата, рече Алаѓозовски.
Што се однесува до Годишната програма за установите и институциите од Куманово, конкретно за театарот, министерот Алаѓозовски рече дека не се согласува со констатацијата дека се доделени малку средства за кумановскиот театар.

– Комисијата многу внимателно ја носеше таа одлука и нејзината одлука беше поткрепена на кондицијата на самата куќа, капацитети, на можностите, состојбите, за што се разбира дека членовите на комисијата, кои беа врвни познавачи на театарот и театарските услови ја донесоа одлуката, изјави Алаѓозовски.

Тој истакна дека Куманово не е заборавено, и дека во иднина ќе продолжат со континуитет културни политики.

– Смената на министерското место не значи ништо, ниту напред ниту назад во однос тие политики. Цврство опстојуваме да ги реализираме сите планови, а тука на Куманово му должиме, но Куманово во претстојниот 500-годишен јубилеј посебно ќе биде поддржан во Буџетот за 2019 година, со цел што подостојно и повеличенствено да направи исчекор, имајќи предвид дека станува збор за значаен јубилеј за одбележување на своето постоење, изјави Алаѓозовски, на новинарски прашања.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија