Алаѓозовски: Ќе преиспитаме од која позиција Канческа делела пари во Годишната програма и како!

Од:

Ќе ја преиспитаме законитоста на донесената Годишна програма на Министерството за култура и ќе има одговорност за прекршувањата на законите.

Годишната програма за култура е потпишана од министерка за култура во заминување, која истовремено извршува и функција пратеник во Собранието на Република Македонија.

Програмата не само што носи формален потпис на министерката Канчевска Милеска чија работа е под истрага на Специјалното јавно обвинителство, туку претставува и нејзина лична одмазда кон сите уметници, автори, интелектуалци, институции и организации кои ја критикуваат работата на Министерството за култура или учествуваа во граѓанските протести, рече Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

Како што може да се види, во Програмата нема место за автори, драматурзи, режисери, писатели, визуелни уметници, добитници на значајни награди и остварувања и во земјата и во странство, што е недозволиво и несовесно, а такви се и политиките на оваа власт изминатите 10 години.

Им посочуваме на оштетените автори и уметници дека имаат законско право како физички лица или правни субјекти, да поднесат, прво приговор до Второстепената комисија, а потоа и тужба до Управниот суд, рече Алаѓозовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година

СДСМ: Власта на Мицкоски спроведува опасна партизација на АНБ и крши закон, Христовски да биде разрешен

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ниту тунелот бил слеп, ниту нова траса за пругата, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се единствени виновници за најлошиот јавен превоз во Европа

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ е против етнички институции-советниците нема да ги гласаат буџетите во тие општини

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги