АКСЦ организира голем хепенинг

Од:

Автономниот културно-социјален центар вечерва со почеток во 19 часот, во МКЦ организира собирање на средства (фандрејзинг)

Од Центарот организираа програма со музички свирки, поетски перформанс, изложба, филмска прокекција, памфлет со авторски дела и други, а влезот се плаќа по принцип на донации

-Зошто? – За да платиме кирија и сметки

Или…за Скопје да има слободна зона за изразување – малечок, скромен простор за независната уметност и активизам

АКСЦ или Автономниот културно-социјален центар функционира по принцип на донации од поединци со цел да ја задржи автономијата и слободата на изразување. За да опстане овој простор и алтернативен модел на функционорање потребно е свест и солидарност од сите НАС/ВАС. Овој фандрејзинг настан во МКЦ ќе биде прилика да се дружиме додека си помагаме едни на други. Само солидарноста може да го спаси градот на солидарноста. велат активистите од АКСЦ.

Програма на настанот

Проекција „А Man Who Planted Trees“, 19 часот

Поетски перформанс, 20 часот

Групна изложба: „Акциденција, комуникација, грешка“, 20:30 часот со дела на:Маја Кировска, Ивана Пирковска, Ангел Миов, Тино Сотировск, Тони Димитров, Ана Лазаревска

Музички концерти, 21часот со:

Свирачиња, Surtukler, Funk Shui, Fighting windmills , Amplidyne effect

Штандови на: Ленка, Солидарност, Отворен куфер и Food not bombs. Продажба на стихозбирката „Едно“ во која се застапени поединците од колективот на АКСЦ и поети кои учествувале на поетските перформанси во АКСЦ.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ