Претставата „Аферата Елсинор“ од авторот и режисер Љубиша Георгиевски во изведба на актери од МНТ синоќа го отвори 16. Фестивал на монодрама во Битола.
На свеченото отворање говореше директорот на Центарот за култура, Борче Димитровски кој ги покани присутните да бидат со фестивалот сите седум фестивалски дена и заедно да ја слават уметноста.
Фестивалот ќе прикаже 17 претстави од Македонија, САД, Русија, Финска, Белорусија, Косово, Босна и Херцеговина, Бугарија, Австрија, Украина, Црна Гора, Србија и од Хрватска.
Учесниците ќе се натпреваруваат за наградата Гран-при, која ќе ја додели меѓународно стручно жири во состав: Ѓорѓи Јолевски од Македонија, Нина Мазур од Германија, Татјана Киктева од Белорусија и Драгана Бошковиќ од Белград, а ќе го предводи актерката Мими Таневска.