Адеми: Имаме импресивно културно наследство, настојуваме да го презентираме

Од:

Република Македонија е мултикултурна и мултиетничка држава со импресивно културно наследство, недвижни добра од профана и сакрална архитектура, археолошки локалитети и споменични целини од различни временски епохи. Овие знаменитости се основен атрибут за развој на културниот туризам и токму затоа континуирано настојуваме тие да бидат презентирани, во најразлични форми, на светските саеми и берзи на туризмот.

Ова денеска го истакна министерот за култура Асаф Адеми во официјалното обраќање во рамки на Третата светска конференција за туризам и култура „За доброто на сите“, што се одржува од 3 до 5 декември во Истанбул, Турција. Организатори се Владата и Министерството за култура и туризам на Република Турција, Светската туристичка организација (UNWTO) и УНЕСКО.

Адеми, како што соопшти Министерството за култура, информираше дека во изминатите години беа поддржани повеќе изложби на непроценливото културно богатство на релевантни локации во големите културни метрополи, кои силно влијаеја на интересот за нашата држава и на зголемувањето на бројот на туристите.

Министерот Адеми, како што се наведува, се осврна на повеќе аспекти во насока на зацврстување на соработката меѓу чинителите во туризмот и во културата. Тој потенцира дека оваа конференција е убава можност да ги споделиме нашите искуства и сознанија од сферата на културата и нејзината поврзаност со туризмот како фактори што влијаат врз целокупниот општествен развој. Адеми ги спомна и заложбите за промоција на Република Македонија во меѓународен контекст преку впишувањето културни добра на Репрезентативната листа на светско нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Во текот на утрешниот ден, Адеми ќе оствари билатерална средба со министерот за култура и туризам на Република Турција Мехмет Нури Ерсој, како и со колегите од земјите учеснички на овој значаен собир.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање