Објавена книга со студии, есеи и критики од Звонко Танески

Од:

Во издание на „Македоника литера“ од Скопје излезе од печат книгата на Звонко Танески „Просторите на текстот“, со поднаслов – „По врвиците на критиката и на академското пишување“.

Книгата е структурирана во шест различни поглавја кои претставуваат интердисциплинарна целина. Во сите нив е содржан концептот на „просторот“. Во книгата се вклучени избрани текстови пишувани од 1999 до 2015 година.

– Критичарското око на Танески во континуитет се посветува и на книжевната критика на дела и од македонската и од словачката јазична средина, и тоа дела кои се однесуваат на сите периоди од развојот на литературата, од медиевалистиката па сè до најсовремените трендови во творештвото…Овие критики и студии покажуваат паралелна, но темелна упатеност во кирилометодиевската проблематика и рецепција, во црковнословенските текстови и сл., но и во современата теоретска и книжевна мисла, во комуниколошките и културолошките теории, имагологијата, споредбените истражувања на книжевните и културните контексти, дури и на алтернативната поетска сцена, пишува рецензентот на книгата проф. д-р Ана Мартиноска.

Звонко Танески (1980) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје (2002). Автор е на поетските книги – „Отворени врати“ (1995), „Хорот на гнилите лисја“ (2000), „Срт“ (2003), „Чоколада во портфолио“ (2010), „Нежности без гарантен лист“ (2012), како и на повеќе лингвистички трудови.

Превел повеќе дела и избрани творби од словачки, англиски, српски, бугарски јазик, но и од македонски на словачки јазик. Негови песни, есеи и културолошки согледби се преведени на петнаесетина јазици. Добитник е на неколку книжевни награди во Македонија и во странство.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска