4 дена со Милчо Манчевски

Од:

„Филмскиот свет ја призна Македонија! Милчо Манчевски – „маестрото од Македонија“ се искачи на пиедесталот на светската филмска уметност, освојувајќи го Златниот лав во Венеција со филмот „Пред дождот“. Оттогаш, тоа „злато“ е дел од светската филмска антологија.

Многу ретко се случило малата Македонија во светот да ја сметаат за рамна на себе, а што е уште поважно и ние самите така да се чувствуваме. Громогласниот аплауз со кој светот ги прими филмовите на Манчевски за нас не беше само сплотувачки фактор, туку и извор на самодоверба и национално самочувство“, пишува на Фејсбук страната на Друштвото на филмските професионалци на РМ.

MILCO-preddozdot

Во знакoт на овие врвни остварувањa за македонската и светската култура и уметност, од 7 до 10 мај во Скопје, ќе се одржат 4-те дена со Милчо Манчевски, посветени на јубилејот 20 години од „Пред дождот“ и целокупното негово творештво. Во кината „Милениум“ и „Фросина“ ќе има можност премиерно да се видат на големото платно новите ремастерирани дигитални копии на филмовите на Манчевски.

4-те дена со Манчевски започнуваат во четврток (7 мај), во 20.00 часот во киното Милениум. со светска премиера на дигиталната копија на „Пред дождот“. По проекцијата ќе следи разговор на авторот Милчо Манчевски со гледачите, пренесуван и за пошироката публика, во живо преку Интернет. Прашања ќе може да се поставуваат преку социјалните мрежи.

Во наредните денови во киното Фросина следат проекции на останатите негови филмови, како и забави и дружење по нивното завршување.

Во рамките на манифестацијата е предвидена трибина и промоција на монографијата за целосниот опус на Манчевски.

„Оваа манифестација претставува и прва ретроспектива на делата на Манчевски во Македонија, а ќе ги опфати и другите уметнички творби на нашиот светски признат уметник. Во текот на овие 4 дена ќе бидеме во кругот на Манчевски. Поводот е „Пред дождот“, неговата универзалност и безвременост, неговото предавање во наследство на следните генерации“ – истакна Роберт Насков претседател на „Друштвото на филмските работници на Македонија“ кое e организатор на настанот.

Влезниците се бесплатни и ќе можат да се подигнат во билетарниците на кината Милениум и Фросина.

Дигитализацијата на филмовите е финансирана од Министерството за култура на РМ, а настанот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он