Макар што е создаден во древната Јапонија, романот Приказната за Генџи се смета за прв модерен психлошки роман во светот.
Иако основната тема е љубовниот живот на принцот, писателката Мурасаки Шикибу сликовито го претставува животот и менталитетот на општеството во јапонската престолнина на тоа време, денешното Кјото, посветувајќи внимание на чувствата на ликовите и на психолошките нијанси во нивните односи.
Ликот на Генџи не е историски, иако веројатно е моделиран според вистинска личност. Тој претставува естетски идеал на дворскиот човек: убав, образован и префинет, врвен познавач на литературата, на уметноста, на калиграфијата и на музиката, љубовник по кој лудуваат дворските дами.