Младата режисерка Ана Андонова го претстави својот нов видеопроект, насловен: „21 година во 250 секунди“.
„По прегледани околу 100 DVD со видео и фото материјал, oд секое видео на кое се појавувам јас, снимено во изминативе 21 година, извадив по една секунда видео материјал и хронолошки ги споив во едно кратко видео,“ вели Андонова на својот профил на Фејсбук.
Андонова (1999) а режисерка и авторка на краткометражни филови од Тетово, која за своите дела е наградувана на Државниот фестивал за непрофесионален филм, а има добиено и повеќе признанија на фестивали во странство.