Т.А „ТОТО“: Возачот на автобусот беше пуштен без кауција

Од:

Туристичката агенција „ТОТО“ Скопје во врска со сообраќајната несреќа која се случи на 26.април во 01.05 часот на автопатот М1 во правец Будимпешта – Хегешхалон денеска информира дека во автобусот кој се движел на редовна линија Скопје – Брно – Прага патувале 25 патници и тројца возачи.

По несреќата, дел од патниците биле згрижени во болницата во Ѓор, а останатите во болницата во Татабања.

– Во моментот четворица патници со потешки телесни повреди, надвор од животна опасност, се задржани на лекување во болницата во Ѓор. По укажаната лекарска помош, 13-тe патници го продолжија патувањето за Брно, односно Прага со организиран превоз од нашата агенција. Останатите патници со полесни повреди го продолжија патувањето до крајната дестинација или до Скопје во сопствена режија, стои во соопштението од „ТОТО“.

Возачот кој во моментот на несреќата управувал со автобусот бил професионално вработен во агенцијата, а релацијата Скопје – Брно – Прага ја возел речиси три години.

– Веднаш по несреќата, од возачот и патниците беа земени изјави за несреќата од унгарската полиција, по што на возачот не му беше одреден притвор и истиот беше пуштен без кауција од надлежните власти во Унгарија, се појаснува во соопштението.

Т.А „Тото“ Скопје информира дека согласно законот за патен сообраќај, автобусот има важечко осигурување на патници во јавниот сообраќај од последици на незгода, обврската за технички преглед исто така е редовно вршена и автобусот технички е целосно исправен.

Од Агенцијата упатуваат благодарност до Министерството за надворешни работи на Република Македонија, македонската амбасада во Унгарија, до Министерството за здравство и до сите добронамерници кои несебично помогнаа да се избегнат поголеми последици од немилиот настан. Посебна благодарност изразуваат до македонскиот амбасадор во Унгарија, Дарко Ангелов и до организацијата на Црвениот Крст на Унгарија.

Би можело да ве интересира

Несреќа на патот Крива Паланка-Куманово, сообраќајот пренасочен

Одземени пасошите на двајца возачи по вчерашната сообраќајка во која загина жена

А1он

Мајка и ќерка живи изгореа во сообраќајка кај Суботица

Уапсен е возач кој е осомничен за денешната тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Горан Наумовски

Во тешка сообраќајка загина мотоциклист

Загина сопатничка, а двајца се тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Тетово- Гостивар

Горан Наумовски