Металург, Вардар Јуниор и Охрид обезбедија пласман на завршницата на ракометниот Куп на Македонија

Од:

Екипите на Металург, Вардар Јуниор и Охрид обезбедија пласман во полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија. Ова е епилогот по одиграните осмина-финални турнири во кои Металург беше најдобар во групата 4, во конкуренција на ГРК Борец, Радовиш и ХЈС Работник.

Во првата група чии средби се играа во СРЦ „Кале’’ во Скопје, Вардар Јуниор во полуфиналето беше подобар од Макс Струмица, за во финалниот меч црвено-црните да го совладаа Пелистер кој претходно беше подобар од Младост.

Охрид пак ја искористи предност на домашниот терен и во конкуренција на Прилеп, Вардар 2 и Пролет триумфираше во група 3 чии средби се играа во СЦ „ Билјанини Извори’’.

Четворката која ќе игра за трофејот би требало да ја комплетира шампионот Вардар кој денеска во СРЦ „Јане Сандански’’ во полуфиналето на групата 2, најнапред ќе одигра меч против Работнички кој доколку го победи за противник ќе го има младинскиот погон на Металург 2.

Комплетни резултати од четвртфиналните турнири во Купот на Македонија:

Група 1 – Полуфинале: Пелистер – Младост 34-26 и Вардар Јуниор – Макс Струмица 33-23.
Финале: Вардар Јуниор – Пелистер30-24

Група 2 – Полуфинале: Металург 2 – Македонија ЃП 35-27 и Работнички – Вардар (играат денеска)

Финале: Работнички/Вардар – Металург 2 (ќе се игра денеска).

Група 3 – Полуфинале: Прилеп – Вардар 2 35-28 и Охрид – Пролет 21-17.

Финале: Охрид – Прилеп 35-32

Група 4 – Полуфинале: Металург – ГРК Борец 33-24 и Радовиш – ХЈС Работник 27-22.
Финале: Металург – Радовиш 38-19.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он