Богота и ФАРК бараат мониторинг мисија на ОН за нивниот мировен договор

Од:

Владата на Колумбија и крајно-левичарската буновничка група ФАРК побараа од ОН формирање мониторинг мисија, која би го надгледувала спроведувањето на мировниот договор за завршување на неколку деценискиот воен конфликт.

Барањето за една ваква мисија го изнесоа претставниците на двете страни кои веќе три години преговараат во Хавана.

Мисијата која би била невооружена, би требало да има мандат од 12 месеци, колку што и двете страни веруваат дела ќе бидат доволни за целосната имплементација на она што ќе го содржи мировниот договор.

Засега нема реакција од Светската организација за барањето на Богота и ФАРК за специјална мисија на ОН.

Од порано е зацртано мировните преговори да завршат до крајот на март оваа година, па се верува дека барањето за мониторинг, претставува знак за скорешното постигнување траен мир.

Воените судирања избувнаа во 1964 година.

Бунтовниците на ФАРК започнаа вооружена пресметка со колумбиската армија, во обидот на ултралевичаската група да формора левичарска власт во Колумбија.

Во воените судирања, се проценува дека загинале или се убиени речиси 220 илјади лица.

Конфликтот во оваа јужноамериканска држава претставуваа најдолг вооружен судир во западната хемисфера.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски