Французинката Марион Бартоли е првата финалистка на Грен Слем „Вимблдон“, откако попладнево ја совлада белгиската тенисерка Кирстен Флипкенс со 2:0 (6:1, 6:2) за само еден час игра.
Противничка на Бартоли во големото финале ќе биде подобрата од другиот полуфинален меч кој ќе се одигра вечерва, а во него ќе се сретнат Агњешка Радванска (Полска) и Сабине Лисицки (Германија).
За Бартоли ова ќе биде втор обид да го освои „Вимблдон“ по неуспехот против Серена Вилијамс во финалето пред шест години.