Кој го уби критичарот на Путин? Ова се пет можни сценарија

Од:

Хина – Загреб

Рускиот опозициски лидер Борис Немцов немилосрдно е ликвидиран во петокот во центарот на Москва со четири куршуми во грб, а по пет дена се уште никој не е уапсен ниту некој ја презема одговорноста за атентатот на тој жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин.

Сето тоа остава простор за разни теории за порачателот на неговото убиство, известува Би-Би-Си.

Новинарот Патрик Џексон во својот текст се прашува дали Немцов е убиен бидејќи се спротивставувал на политиката на Путин и на наводно прикриената војна на Русија и Украина, или е ликвидиран во непосредна близина на Кремљ во обид на дискредитација на руските лидери, а можно е и нивно заплашување, но не се исклучува ни можноста дека е ликвидиран да може против нив да се крене бунт. Џексон како последна причина ја наведува опцијата според која 55 годишниот опозиционер можеби го убил некој кој на него бил многу гневен.

Владимир Путин – добар син на КГБ 

На денот кога повеќе илјади луѓе во Москва пред Центарот Сахаров, музеј посветен на човековите права и на советскиот академик дисидент, го испрати Немцов на последното почивалиште, првата теорија која ја наведе Џексон е поврзана со Путин.

Немцов бил многу познат политичар со долгогодишен стаж кој требаше да ги предводи демонстрациите во Москва против војната во Украина.

– Ако поддржувате прекин на руската војна во Украина, ако поддржувате спречување на агресијата на Путин, дојдете на 1 март на Пролетниот марш во Марино (предградие на Москва), порача Немцов на социјалната мрежа, неколку часа пред ликвидацијата.

Претседателот на Украина Петро Порошенко тврди дека Немцов имал намера да објави некои докази за вклученост на руски вооружени сили во судирот во Украина. Тие потези, оценува Џексон, сигурно би го антагонизирале Кремљ, но и руските националисти кои жестоко заговараат бунт во Украина.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков за Би-Би-Си изјави дека помислата дека зад неговото убиство стои Путин е нелогична и неприфатлива. Дури и ако ја прифатите можноста дека Кремљ порачува убиства на дисиденти, продолжил тој, останува прашањето зошто Немцов а не други, млади и многу поопасни политичари од редовите на опозицијата, како Алексеј Навални, кој претставува далеку поголема закана за Путин кога во зимата 2011-12 во Москва организираше бран жестоки демонстрации против владата.

Џексон поради тоа прашува, зарем, ако судските постапки против Навални би биле политички мотивирани, како што многумина веруваат дека се, би било логично да се убие некој кој е помала пречка, а на главниот соперник само да се задаваат главоболки во обид на замолчување.

Одметнати елементи во руските служби за безбедност

Уште една теорија за позадината на наведената ликвидација која високо котира е таа која посочува прст на вина во руските ултранационалисти поврзани со безбедносните служби. Немцов, пацифист и за многумина и за моќните предавник на татковината, можел да биде убиен како предупредување до Путин, дека никако не смее да се откаже од војната во Украина. Џексон смета дека помалку е веројатна една друга теорија според која некои делови од безбедносните служби го испланирале убиството за да се оправдаат новите, драконски мерки за спречување на сите облици на непослушност.

Имено, службите за безбедност под Путин веќе уживаат големо овластување.

Многумина пак се прашуваат зошто се уште нема никакви употребливи снимки од убиството со оглед на тоа дека подрачјето кај мостот до ѕидините на Кремљ, местото на ликвидацијата, е покриено со многу безбедносни камери.

ЦИА

Осудувајќи ја ликвидацијата на Немцов како подло и цинично убиство, рускиот претседател вети дека организаторите и вршителите на убиството ќе ги приведе пред суд.

– Атентатот ги има сите ознаки на порачано убиство и во целост е од провокативна природа – рече Путин, давајќи до знаење дека тоа убиство го смета за организиран атентат, а не случајно пукање на улица.

Освен тоа, провокација е кодно име на Кремљ за напад чија цел е дестабилизација на руската држава. Кој би можел да стои зад тој напад, јасно кажа главниот спин доктор на Кремљ и ТВ водител Димитриј Киселев, кој се прашува на кого најмногу му користи тоа убиство.

– Кога беше жив Немцов на Западот не му беше потребен, не беше корисен. Но мртов е далеку поинтересен – рече Киселев.

Но, ако зад атентатот и стои некоја странска разузнавачка служба за да се разниша Путин, тогаш таа се пресметала бидејќи во неделата на поворката во чест на Немцов и протестите против неговото убиство се собраа околу 50.000 луѓе што е пристојна маса на луѓе, но ниту од далеку блиску до масовност на против владините протести во 2011-12 година. Освен тоа, немаше никакви навреди ниту судири со силите на редот.

Ултранационалисти или исламски екстремисти

Несомнено има многу Руси кои ги мразеа либералните политички ставови на Немцов и неговото противење на војната во Украина, што е за многу националисти света војна.

– Не е тајна дека постојат некои исклучително радикални ликови на двете страни на украинскиот судир кои не се потребни на никого и на никого не одговараат – рече Владимир Маркин, портпарол на моќното руско Истражно биро.

Тоа биро, често е обвинувано за пристрасност и за теоријата дека убијците би можеле да бидат припадници на исламските екстремисти, гневни поради осудата која ја изговори Немцов на сметка на масакрот во Чарли Хебдо во Париз.

Немцов не ги криеше своите еврејски корени иако бил крстен како православен христијанин, но она што недостасува во таа претпоставка е преземањето на одговорност.

Деловни интереси или љубоморни мажи

Немцов бил ангажиран во медиумски следената против корупциска кампања во Јарослав, провинциско гратче недалеку од Москва, а и тој самиот имал важни деловни интереси. Порачани убиства поради деловни причини не се под Путин, но се уште се случуваат. Меѓутоа, зошто вршителите на убиството од деловни интереси би преземале толку голем ризик со напад на Немцов во еден од најчуваните делови на Москва.

Со оглед на тоа дека Немцов бил познат и како женкар, многумина се прашуваат дали неговиот љубовен живот бил причина за фаталниот крај. Украинската манекенка, 23 годишната Ана Дурицка, која го познавала Немцов три години, малку можела да каже за нападот. Таа не успеала да го види напаѓачот, бидејќи пукал од позади, а се сеќава само на светло од автомобил кој брзо заминал во ноќта.

Според најновите информации, истражувачите понудиле награда во износ од 3 милиони рубљи (48.000 долари) за информација која би довела до убиецот.

Немцов е најистакнат опозициски политичар убиен во текот на 15 годишното владеење на Путин.

Со години бил еден од лидерите на либералната партија Сојуз на вистински сили. Во почетокот на 90-тите ја вршел долножста гувернер на покраината Нижни Новгород, а во 1977 и 1998 година за време на претседателот Борис Јелцин, бил заменик претседател на владата.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот