„Афтонбладет“: Постигнат договор за формирање нова влада на Шведска

Од:

Социјалдемократската работничка партија (САП) на вршителот на должноста шведски премиер Стефан Ловен постигна договор со Партијата на центарот и Либералите за формирање нова Влада на Шведска, предводена од лидерот на социјалдемократите, со што е најден излез од политичкиот ќорсокак во кој западна земјата по изборите одржани лани во септември, тврди во денешното издание весникот „Афтонбладет“.

На септемвриските избори, ниту еден од двата големи блока – левоцентристичкиот предводен од САП на Ловен и десноцентристичкиот на чело со конзервативната Умерена партија (М), не обезбедија мнозинство во Парламентот, со што Шведска повеќе од четири месеци е без нова влада.

Партијата на центарот (Ц) и Либералите (Л) досега беа дел од блокот предводен од конзервативците на Улф Кристершон, но одбија да ги поддржат неговите обиди за формирање малцинска влада, која би зависела од поддршката на екстремо десничарската и антимигрантска партија Шведски демократи (СД).

Според „Афтонбладет“, новата влада на Ловен би била малцинска составена од неговата САП и Еколошката партија на зелените (МП), но при нејзиниот избор би била поддржана од центристите и либералите.

Весникот сепак посочува дека засега е неизвесно дали сите пратници на Партијата на центарот и на партијата Либерали, би го поддржале ваквиот договор.

Информациите на „Афтонбладет“ за постигнатиот договор засега официјално не се потврдени од ниту една од посочените партии. Партијата на центарот не била достапна за коментар, а портпаролите на Либералите и на социјалдемократите одбиле да ги коментираат тврдењата на весникот.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица