Битолчанка тешко повредена во сообраќајка

Од:

Вчера во раните утрински часови на крстосницата од улиците Арон Ароести и Минела Бабуковски во Битола се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот крушевчанец Љ.С., удрило во 58- годишен пешак од Битола.

Од ударот 58-годишната битолчанка Х.Н. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола, каде ѝ била укажана лекарска помош.

Од полицијата информираат дека увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 30 повредени откако автобус се судри со возила и удри во зграда

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе