Град Скопје: Граѓаните да ги чистат приодите до нивните куќи и згради

Од:

Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти. На возачите, пак, им препорачува да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите, истите да не паркираат на улиците и булеварите и да овозможат непрекинато движење на возилата на зимската служба.

Од Градот информираат дека булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Град Скопје се целосно расчистени, а на терен интензивно се работи на чистење на тротоарите и велосипедските патеки од наталожениот снег за да им се овозможи полесно движење на граѓаните.

Во текот на изминатава вечер по скопските улици се фрлени 432 тони сол.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош