Бразилецот во редовите на Бостон Селтикс, Леандро Барбоса најверојатно ја заврши сезоната. Тој се повреди на дуелот со Шарлот.
Барбоса се повреди во текот на третата четвртина. Настрада неговото десно колено, а според првичните најави повредата е сериозна. Доколку се воспостави дека Барбоса ја завршил сезоната, Бостон ќе остане со само три бека до крајот на сезоната.
Барбоса оваа сезона одигра 40 натпревари за Селтикс, а во просек на паркетот поминаше по 12,5 минути, со 5,3 поени и 1,4 асистеции по натпревар.