Романија ги отфрла критиките и тврди дека е подготвена да претседава со ЕУ

Од:

Соочени со критики дека Владата на Романија не е подготвена за преземање на ротирачкото претседавање со Европската Унија, романски официјални претставници денеска истакнаа дека се „добро подготвени“ и дека внатрешните политички поделби во земјата се дел од предизборната состојба.

Државниот секретар за европски прашања Џорџе Чамба изјави дека романската Влада е подготвена за претседавање.

– Не гледам на тоа прашање како техничко и политичко. Ние сме подготвени. Во секоја држава членка има политички несогласувања и тоа нема да запре. Не е само така во Романија, мораме да го признаеме фактот дека доаѓаат европски избори и ќе има политизирање во цела Европа, додаде Чамба.

Изјавата на Чамба претставува реакција на ставот на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој во интервју за „Велт ам Зонтаг“ изрази сомнеж во капацитетите на Букурешт, со што крена голема прашина само два дена пред романското преземање на претседавањето со ЕУ.

– Имам сомнежи бидејќи Владата во Букурешт не разбра во целост што вклучува претседавање со членки на ЕУ… Внатрешната политичка ситуација во Романија е таква што земјата не може да настапува единствено во Европа. Земјата треба да биде обединета за да може да бара единство во Европа за време на претседавањето, изјави Јункер за германскиот весник.

Досега не се памети дека некој претседател на Еврокомисија толку директно и отворено го критикувал следно претседателство на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот