ЈП „Комунална хигиена“ продолжува со расчистување на снегот во Скопје

Од:

Во текот на денешниот ден, со 60 работници на терен, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжи со активностите за чистење на снегот и мразот на булеварите и улиците.

„Беше расчистуван реонот околу Градската болница, Државната болница и поголемите поликлиники, Владата и Собранието на РМ, централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, како и Старата чаршија.

Непрестано се расчистуваат и посолуваат и пешачките патеки и тротоарите на мостовите Гоце Делчев, Слобода, Мајка Тереза и Камениот мост, за да се овозможи безбедно движење на пешаците.

Од механизацијата на терен се употребуваат мултикултиватори, трактори со специјални четки и ножеви за снег, трактори со плуг и патарки за расфрлање на сол“, соопштуваат од ЈП „Комунална хигиена“.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош