Грција со три барања во Заедничкиот комитет за ревизија на книгите

Од:

Наставниците и професорите во предавањата да избегнуваат материјали што содржат иредентизам, од учебниците да се исфрлат античко грчките симболи и картите на Голема Македонија, биле трите барања на грчката страна на состанокот со колегите експерти од нашата земја, брифираат официјални грчки дипломатски извори.

Првата средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти од Македонија и Грција за историски, археолшоки и образовни прашања одржан во ноември во Солун поминал во многу позитивна клима, а грчките дипломатски извори велат дека македонските експерти на чело со поранешниот амбасадор Габер “беа во рамки на климата што е одредена од потпишувањето на договорот од двете држави и јасно ги обврзува земјите да не постојат иредентистички и ревизионистички аспирации во книгите”.

Втората средба ќе се одржи во текот на овој месец во Македонија, а на првиот состанок откако членовите на комитетот се договориле за правилата за водење на разговорите и процедурите (the rules of procedure), грчката страна на маса поставила три прашања.

-Прво, рековме дека другата страна ќе треба да се погрижи за упатставата што ќе бидат дадени на професорите и наставниците за наставата во новата учебна година да бидат такви што дури и да не се коригирани книгите, да не предаваат материјали што содржат иредентизам или ревизионизам. Второ, од книгите да се исфрлат било кои античко грчки симболи што постојат или особено симболи на античкиот грчки македонизам, кои што поради оптичкиот контакт и како слики влијаат на децата. Третото што го кажавме е секако да се отстранат мапите кои што највидливата точка на иредентизмот, мапи кои ја опишуваат Голема Македонија, објаснуваат официјалните грчки дипломатски избори.

Додаваат дека по првичниот договор и откако ќе се обезбедат трите барања ќе започне ред по ред ревизијата на учебниците.

Истите извори велат дека македонската страна немала конкретни барања од грчките колеги, “бидејќи грчките книги не содржат иредентизам, затоа што не е замисливо земја членка на ЕУ да има такво нешто во книгите”.

Грчките дипломатски извори, потенцираат дека Грција самоиницијативно ќе направи промена во нивните карти за да ги усогласат со меѓународните правила, па наместо како до сега за градот Битола да пишува Монастири како што е на грчки, ќе треба да стои Битола (Монастири) или за бугарскиот град Пловдив да пишува Пловдив (Филипуполи), а не само Филипуполи како што е сега.

Целта, според грчките дипломатски извори е книгите од следната година да бидат ослободени од иредентизам. Велат дека и да не посотеше конкретниот член во Договорот од Преспа, ревизијата ќе беше дел од поглавјата за членство во унијата.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната