Косовскиот премиер Хашим Тачи на состанокот со известувачот за Косово на Европскиот парламент, Улрике Луначек изјави дека српските паралелни структури на власт во Косово наскоро ќе бидат распуштени.
Паралелните структури ќе бидат распуштени, а оние кои не се вмешани во злосторствата, ќе можат да побараат работа во локалните институции на север – изјави Тачи.
Тој од Луначек и Европската унија побара да помогнат во примената на договорот, кој е постигнат помеѓу Косово и Србија, во текот на дијалогот во Брисел.