Приведени татко и син од скопско Радуша откако физички нападнале полициски службеник

Од:

Татко и син од село Радуша вчера се приведени во Полициската станица во Ѓорче Петров откако физички нападнале полициски службеник.

Како што соопшти денеска МВР, на влез во скопското село Радуша вчера околу 11.00 часот полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „фиат“, без регистарски ознаки, а управувано од Б.Ф.(22) од село Радуша. Возилото не застанало, туку продолжило со движење.

– По преземени мерки, Б.Ф. бил забележан пред неговиот дом во село Радуша, каде што тој и неговиот татко Н.Ф.(56) физички нападнале полициски службеник. Б.Ф. и Н.Ф. се приведени во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ