Во Собранието денеска конечно по едногодишна „собраниска битка“ беше усвоен Законот за минерални суровини, соопштија од ДОМ. Предлагачи на Законот, покрај пратеничките Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, беа и Мери Лазарова, Кети Смилевска, Диме Велковски и Сашо Атанасов од СДСМ, Горан Милевски од ЛДП, како и независните пратеници – Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефоска, Павле Богоевски и Ферид Мухиќ.
„Во целиот овој процес постоеше соработка и недвосмислена поддршка за Законот од СДСМ и коалицијата, од над 40 граѓански еколошки организации и иницијативи, како и од Европските Зелени. По затворањето на рудникот Казандол, ова е уште еден заеднички успех на екологистите во борбата за здрав живот во чиста животна средина и за развој на зелената економија“, велат од ДОМ.
Од таму појаснуваат дека со законот се забранува употреба на цијаниди и сулфурна киселина при флотација или лужење во нови рудници од отворен коп.