Владата почна преговори за намалување на евентуална штета од арбитражниот спор со Хеленик Петролеум

Од:

Македонската Влада почнува процес на преговори со цел цел да се изнајде решение што ќе ја намали потенцијалната штета на Буџетот на Република Македонија, доколку државата го загуби арбитражниот спор со Хеленик Петролеум за отшетно побарување поради неисполнети обврски за набавка на 500 илјади тони мазут годишно во периодот од 2008 до крајот на 2011 година.

-За овие четири календарски години и неисполнување на нашиот дел во таа обврска се бараат 32 милиони долари. Арбитражната постпака е покрената за овој спор за 2011 година затоа што тоа е последната година кога рафинеријата работи како рафинерија. По таа година не работи веќе како рафинерија Хеленик. Затоа ова ќе биде последна ваква постапка, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски одговарајќи на новинасрко прашање..

Дали Македонија ќе треба да ја исплати оваа сума, рече тој, ќе се види кога видиме кога ќе заврши постапката.

-Она што е важно е дека во моментот Владата започнува процес на преговори со цел да се изнајде решение што ќе ја намали потенцијалната штета на буџетот на Република Македонија, што е резултат на нешто направено од претходните влади, рече Бошњаковски.

Тој појасни дека договорот во 1999 година го склучува тогашната Влада на РМ и оти во него, покрај останатите, во кој покрај останатите ја има и оваа штетна клаузула со која што Македонија се обврзува да набавува 500 илјади тони годишно мазут. Оваа штетна обврска, рече, е преземена за период од 20 години и истекува во мај 2019 година.

Владиниот портпарол истакна дека Македонија веќе еднаш има изгубено арбитражен спор и оти тој се однесувал на периодот 1999/2007, кога не сме ја исполнувале преземената обврска и била донесена пресуда на наша штета како држава. Во 2007 година Македонија требало да плати 86 милиони долари, но по порамнување тогаш државата исплатила 40 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски