Шест осомничени исламисти беа убиени во судири со руски сили за борба против тероризмот, јави ДПА.
– Петмина напаѓачи се застрелани од владини сили во руската република Дагестан, изјави портпарол на Националниот антитерористички комитет. Убиените биле поврзани со претходни напади.
Во Ингушетија било застрелано едно лице. Во Северен Кавказ речиси секој ден има вооружени судири меѓу руските сили и исламистички борци, наведува ДПА.