МВР: Набавката на патни и лични исправи е заради нивна редовна испорака за граѓаните

Од:

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите за наводни неправилности при набавка на бланко обрасци за патните исправи.

„Вистината е дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за да се обезбеди непречено издавање на патни исправи на граѓаните, а политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и многу пати до сега, ја лаже јавноста во обид да добие некакви политички поени“, соопштува МВР.

„Ја информираме јавноста дека во тек е испорака на бланко обрасци за патни исправи и таа е во согласност со Анексот на Договорот за изработка на патни исправи и лични документи склучен во 2017 година, каде е утврдена количината на обрасци што треба да бидат испорачани за 2018 и 2019 година.

Станува збор за редовна испорака, вообичаена како и секогаш до сега, со цел да се обезбеди навремена испорака на патни и лични исправи за граѓаните.

МВР има задача да обезбеди патни исправи за граѓаните и постапува токму според своите надлежности. Согласно законските процедури, доколку бидат изгласани уставните измени во периодот што следува, потребен е временски период за менување на процедурите и законските промени, како и за стапување на сила на измените. Во меѓувреме, патни исправи мора да се издаваат непречено, односно да се одговори на барањата на граѓаните.

Количината на пристигнати обрасци е соодветна на предвидената динамика на потрошувачката од претходните години и е во согласност со преземените договорни обврски“, се вели во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи