Вартоломеј потпиша томос за автокефалноста на црквата во Украина

Од:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј потпиша томос, односно документ за автокефалноста на православната црква во Украина.

Во пресрет на потпишувањето на документот се одржа молебен на кој, меѓу другите, присуствуваа и поглаварот на црквата митрополитот Епифаниј, претседателот на Украина Петро Порошенко, шефот на украинската дипломатија Павел Климкин и претседателот на Парламентот, Андреј Парубиј.

По богослужбата, Вартоломеј во својата резиденција ги прими претседателот Порошенко и митрополитот Епифаниј, по што се вратија во храмот „Свети Ѓорѓи“, каде што беше потпишан томосот.

– Сакам да се заблагодарам на милиони Украинци ширум светот кои одговорија на мојот апел да се молат за да биде воспоставена оваа црква. Сакам да им заблагодарам на генерациите Украинци кои сонуваа за тоа…и конечно Бог ни ја прати Православната црква на Украина, рече Порошенко на церемонијата.

На собор одржан на 15 декември во Киев беше објавено создавањето на украинската афтокефална црква, за чиј поглавар е избран Епифаниј Думенко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта