Хуманитарен концерт со диско хитови во Струмица

Од:

Седумдесет ученици од гимназијата „Јане Сандански“ заедно со нивните професори Анита Станковска, Денис Кирчанов и Полина Ашикова деветти пат го приредија традиционалниот божиќен хуманитарен концерт. На годинашниов, на сцената во НУЦК „Антон Панов“, ги донесоа диско хитовите од познати и популарни изведувачи од минатиот век.

Празничниот и тематски концерт годинава беше со наслов „One way ticket“, а со таа нумера беше отворен.

Со прекрасни аранжмани и кореографија солистите, хорот, бендот и ритмичката група во еден здив ги отпеаја и одиграа диско хитовите на ABBA, Boney M, Bee Gees и многу други, кои ги полнеле подимумите некогаш.

Синоќа се одржаа два концерта, а поради големиот интерес на публиката ќе се одржи уште еден вечер.

Собраните средства од концертите се наменети за обезбедување музичка опрема и опремување на кабинетот по музика на струмичката гимназија.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење