Кабинет на Ципрас: Заев со интервјуто ги разби сите аргументи на Мицотакис

Од:

Со денешното интервју за „Ефимерида тон синдактон“, премиерот на ПЈРМ Зоран Заев, ги разби сите аргументи на господинот Мицотакис против Договорот од Преспа, коментираат од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Во соопштението наведуваат и делови од интервјуто на македонскиот премиер поврзани со државјанството, јазикот, дека припаѓа во словенската група јазици и ставот дека „го признаваме посебното културно наследство, посебната античка грчка историја во регионот“.

Од кабинетот на грчкиот премиер се прашуваат, по сето ова, „каков нов извртен аргумент ќе измислат“ од опозициската Нова демократија за да ја поддржат позицијата на пратениците Адонис Георгиадис и Андонис Самарас.

-Сега кога самиот Зоран Заев целосно ги урива псевдо-толкувањата на екстремно десничарската група на Нова демократија за националност, јазик и отстапување, што ќе прави господинот Мицотакис? Зад кој нов смешен аргумент ќе се скрие за да ги задоволи неговите екстремно десничарски водачи?, прашуваат во соопштението, од кабинетот на Алексис Ципрас.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика

Мицотакис ќе го отвори прашањето за непочитување на Преспанскиот договор на самитот на НАТО, нема потврда за средба на премиерите