Коља-Царуха: Независни Грци ќе ја напуштат владата кога ќе дојде Договорот од Преспа

Од:

Кога и доколку дојде договорот, ние ќе си заминеме од министерствата, рече заменик министерката за одбрана на Грција, Мариа Коља-Царуха од редовите на Независни Грци во интервју за солунското радио „Фокус ФМ“.

-Ние ќе си заминеме од владата кога ќе ги видиме потезите на господинот премиер во врска со ова прашање. Кога? Може многу брзо, може… сѐ ќе зависи од тоа кога ќе реши господинот Ципрас, доколку самиот реши, ова е големо политичко и национално прашање, сакам да верувам дека одново ќе го разгледа, рече заменик министерката за одбрана на Грција.

Коља-Царуха додаде дека „другата страна не се држи до тоа што беше договорено“, и истакна дека станува збор за прелиминарен договор меѓу двајца министри, а не договор, бидејќи, како што објасни не бил ратификуван од парламентите на двете земји.

-Не сакав да се склучи овој договор. Ние се најдовме во влада со еден министер, господинот Коѕијас за кој на почетокот верувавме и верував дека се обиде за некои работи, но понатаму се појавија различни елементи во овој договор за кои ние, не се согласуваме, а генерално со терминот Македонија. Едноставни се работите, не можеме да ги направиме поедноставни, истакна Коља-Царуха за грчкото радио.

Во однос на нејзиниот сопартиец и пратеник Танасис Папахристопулос, кој од прв момент јавно изјави дека ќе го поддржи договорот и ќе го отстапи пратеничкото место, Коља-Царуха објасни дека биле направени големи напори за да се премисли, но тој си останал на неговиот став.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он