ВИДЕО: Наградени полициски службеници за остварени забележителни резултати во работењето

Од:

Триесет вработени во различни организациски единици на МВР се еднократно наградени заради остварените забележителни резултати во работењето во текот на изминатата година.

-Чест ми е што како министер за внатрешни работи ja имам можноста да ви оддадам признание за се она што е реализирано изминатиов период, а со особен квалитет и покажана иницијативност во работењето и вршењето на работни задачи во текот на минатата година, и сето тоа да се верификува на ваков начин со доделување решение за зголемен износ на плата, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешното врачување на решенијата.

Министерот Спасовски потенцираше дека овој успех и постигнатите резултати ќе претставуваат поттик, не само за наградените, туку и за нивните колеги, уште поагилно и попосветено да работат во покревање на интегритетот на полицискиот службеник, и да се соочат со сите професионални предизвици со максимална посветеност и пожртвуваност.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски изрази уверување дека сите вработени во МВР ќе продолжат со несмалено темпо на работа.

– Како ваши претпоставени ние сме должни да внимаваме на секој ваш професионален чекор, но и да ги вреднуваме вашите успеси и заложби. Нема да толерираме никакво непочитување на професионалните стандарди или селективност во постапувањето, бидејќи законот мора да важи еднакво за сите, истакна директорот на БЈБ, Тасевски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи